Вода, струја и горива во Газа има за уште 24 часа, и доколку помошта не пристигне лекарите ќе може само да издаваат потврди за смрт, изјави во понеделникот за AFP Ахмед ал-Мандари, регионален шеф на Светската здравствена организација (СЗО – WHO).
Хуманитарната помош, вклучително и испратената од СЗО, е блокирана на египетски Синај на границата со палестинската енклава Појасот Газа, поради изостанувањето на договор меѓу Израел и Египет.
Појасот Газа, од 2007 година е под жестока блокада на Израел, а по стравичните напади на радикалното исламистичко движење Хамас, кое владее со енклавата, од 7-ми октомври во Израел е под уште пожестока блокада со исклучена струја и вода, како и запирање на испораките на храна, лекови и други основни продукти.
Обединетите нации Појасот Газа уште во 2020 година ја прогласи енклавата за „несоодветна за живот“ поради израеслата блокада која трае повеќе до 15 години. Денес е под „потполна опсада“ од израелската војска, за најстрашниот напад во Израел во кој беа убиени повеќе од 1.400 луѓе.
На десеттиот ден од непрекинатото израелско бомбардирање, Газа и нејзините 1.4 милиони жители, од кои половината се деца, ја очекува „вистинска катастрофа“ предупреува Ахмед ал-Мандари, директорот на СЗО за источен Медитеран чие седиште е во египетската престолнина Каиро.
Со повеќе од 2.750 мртви, од кои најмалку третина се деца, и речиси 10.000 ранети во Појасот Газа, локалните власти се затрупани со работа, додава ал-Мандари.