Рано утринава се случила тепачка во амбулантата на Гинекологија.

Имено, во 07.00 часот во СВР Скопје, С.С.(29) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра по претходна расправија била физички нападната од Т.М.(33) од Охрид, вработен како доктор.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.