Доктори од Клиниката за детски болести отстранети од работа поради констатирани пропусти во лекувањето на 14-месечната Руа Сулиси, соопштија од Клиниката за детски болести.
„Врз основа на Извештајот на Комисијата за стручен надзор формирана од Министерството за здравство на РСМ во врска со случајот на починатото 14 месечно дете Руа Сулиси, каде се констатирани елементи на лекарски пропуст, согласно член 187 од 333 и чл.30 од Статутот на J3 Универзитетска клиника за детски болести-Скопіе, в.д директорот на J3У Универзитетска клиника за детски болести на ден 18.10.2024 год. донесе одлука за формирање Комисија за водење на дисциплинска постапка и поднесе пријава за утврдуванье на дисциплинска одговорност за сторен дисциплински престап на здравствените работници – двајца доктори специјалисти кои биле дежурни и извршиле преглед на малото дете на ден 03.10.2024 год“, велат од Клиниката и додаваат:
Истовремено директорот на Универзитетската клиника за детски болести – Скопје донесе Решение за времено отстрануваье на двајцата здравствените работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка“.