ДОКТОРИТЕ МУ ЈА ПРЕКИНАА ИСХРАНАТА: Шефот на „Коза Ностра“ е во неповратна кома

/ 23.09.2023

Еден од поранешните најбарани бегалци, шефот  на мафијата, Матео Месина Денаро, фатен во средината на јануари по 30 години бегство во Палермо додека се лекувал на Клиниката за онкологија, сега е во неповратна кома, соопштија извори од болницата.

Денаро (61), кој е хоспитализиран во затворското одделение на болницата Аквила, нема да излезе од кома и лекарите ќе ја прекинат неговата исхрана, соопштија анонимни извори, пренесува Анса.

Месина Денаро е во болница повеќе од еден месец. Операцијата на дебелото црево на која бил подложен на 8 август била успешна, но напреднатиот рак на дебелото црево предизвикал неповратно влошување на неговата здравствена состојба, велат изворите.

Шефот на Коза Ностра беше осуден за учество во десетици убиства, вклучително и бомбашките напади во 1992 година во кои загинаа обвинителите Џовани Фалконе и Паоло Борсели.

Покрај атентатот на Фалконе и Борселино, овој моќен мафијашки бос од Трапани беше осуден и за убиството на Џузепе ди Матео, 12-годишниот син на мафијаш кој стана државен сведок, а кој беше задавен и стопен во киселина во 1996 година.

Тој беше осуден и за бомбашки напади на уметнички и верски објекти во Милано, Фиренца и Рим во 1993 година, во кои загинаа 10 лица, а 40 беа повредени.


Од истата категорија