Докторите по пластична хирургија апелираат да се внимава со мелемите за изгореници што се нудат по социјалните мрежи.
– Вчера некој ми потспомна дека има некои мелеми кои се продаваат на социјалните мрежи. Не знаеме од какво потекло се и дали се стерилни или не. Да апелирам, затоа и со Министерството за здравство се овие доктори кои ќе одат во Кочани за да бидат правени преврски во стерилни услови и со стерилни инструменти – изјави денеска директорката на Клиниката за пластична хирургија Јасмина Ѓоргиевска Павловска.