Шпанија ја совлада Германија (2-1) и стана прв патник во полуфиналето на Европското првенство.
Голема борба за водеше во Штутгарт, а избраниците на Де Ла Фуенте беа оние кои го имаат последниот збор, последниот удар кој го зададоа со погодокот на Мерино во 119 минута на асистенција на Олмо кој пак беше стрелец на првиот гол, па на крајот сосема заслужено го понесе и признанието МВП.
Меѓутоа овој триумф и пласман во наредната фаза донесе и лоши вести за Шпанија која нема да може да смета на неколку стандарцни првотимци за дуелот со Франција или Шпанија. Педри е отпишан поради повреда, додека поради картони недостапни ќе бидат дефанзивците Карвахал и Норман.
Првично на оваа листа беше вметнат и напаѓачот Мората поради жолт картон, поточно ова беше покажано на телевизските екрани. Меѓутоа УЕФА потврди дека станува збор за грешка, Алваро не е санкциониран и тоа значи дека ќе биде во комбинација за наредната средба на неговата селекција.