Оваа домашна крема е идеално средство за нега на кожата бидејќи ја хидрира, го изедначува тенот, ги намалува видливите брчки и го успорува процесот на стареење на кожата. Нејзината предност е во тоа што се базира на природни состојки и е сосема безбедна и соодветна за сите типови кожа.

Оние кои сакаат да се грижат за својата кожа, штом еднаш ја пробаат оваа крема, со сигурност ќе ја засакаат. Ова е многу едноставен рецепт, со навистина зачудувачки резултати, кои ќе ги забележите веќе после 7 дена.

Потребни состојки:
  • 1 жолчка
  • 1 лажица бадемово масло (или маслиново)
  • ½ лажица квалитетен мед
  • 2 мали лажички медицински вазелин
Начин на подготовка:
  1. Вазелинот стопете го на водена пареа. Ќе ви бидат потребни неколку минути.
  2. Потоа тргнете го настрана и додадете ги останатите три состојки.
  3. Сите состојки убаво промешајте ги. Мешајте неколку минути додека не добиете хомогена смеса.
  4. Претурете ја кремата во кутиче од крема (50 мл).
Начин на користење:

Со лесни движења нанесете од кремата на исчистена кожа и благо масирајте. После 30 минути отстранете го вишокот со памучно крукче за отстранување шминка, натопено во кисела вода или со влажно марамче за лице.

Напомени:

Кремата се впива во кожата подолго од еден час, така што треба да се нанесе на лицето најмалку 2 часа пред спиење.

Кремата чувајте ја во фрижидер.