Родот на земјоделците наместо на пазар завршува на буниште. Ова с ефотографии објавени на ФБ, но без поконкретни податоци каде се снимени.

Во меѓувреме, додека родот домати се фрла, во Скопје еден кг чини 50 денари.

Во Лесковац, пред неколку дена, земјоделците згрозени од ниската открупна цена на доматите, дојдоа во градот и ги делеа доматите без пари на граѓаните. Една таква акција ан македонските земјоделци.

Инаку, земјоделците од повеќе реони и од речиси сите гранки вчера се собраа на предупредувачки протест во центарот на Прилеп. Прво маршираа низ булеварот „Гоце Делчев“, а потоа се обратија пред зградата на локалната самоуправа.

Главно, бараат исплата на сите заостанати субвенции, мерки, ковид пакетите, повлекување на законите за зелена такса и за продажба на земјоделското земјиште.

Подоле е линкот до текст во српскиот портал Мондо за делењето домати во Лесковац без пари.

https://mondo.rs/Info/Srbija/a1493199/leskovac-besplatni-paradajz.html?gallery=1&image=AD