Хрватска ќе донира еден милион евра на меѓународна донаторска конференција за да и помогне на Албанија да ја обнови својата здравствена и образовна инфраструктура по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември минатата година, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
– Хрватската Влада на седницата на 13 февруари одлучи да донира еден милион евра за реконструкција на здравствената и образовната инфраструктура во Албанија, истакна Пленковиќ на конференцијата во Брисел.
Во својот говор, Пленковиќ го спомена и самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во Загреб на 6 и 7 мај и изрази надеж дека ЕУ претходно ќе донесе одлука да отвори преговори со Албанија и Северна Македонија.
Според албанските медуми, Австрија на Албанија ќе и донира еден милион евра, додека Грција 2,5 милиони евра.