Амбасадата на Јапонија денеска организира церемонија за примопредавање на кендо опрема – донација од Јапонската Кендо Федерација за Македонската Кендо-Иаидо Федерација.

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе учествуваат амбасадорката на Јапонија, Н.Е. Кеико Ханеда и д-р Златко Кесковски, претседател на Македонската Кендо-Иаидо Федерација.