Во касарната во Ѓорче Петров денеска ќе биде предадена донација од Обединетото Кралство наменета за припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и за специјалните сили.
Донацијата се состои од два типа вреќи за спиење за три сезони, подлоги за вреќи за спиење, мали шатори – набљудувачници за снајперисти и тунелски шатори за специјалци.
На примопредавањето ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.