Претставници на Амбасадата на САД во Скопје, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и за спроведување на законите (ИНЛ) при Стејт Департментот донираа преносни компјутери на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од Јавно обвинителство.
Од таму уште додаваат дека донацијата е наменета за потребите на истражниот центар во обвинителството и олеснување на неговата работа на терен во време на пандемијата со КОВИД-19.
Обвинителката Вилма Русковска срдечно заблагодарувајќи сè за донацијата истакна дека потребата од нови современи технолошки помагала за спроведување на истражни дејствија е секогаш потребна, особено ако се има предвид дека обвинителството треба да биде неколку чекори пред лицата кои ги гони.
– Убедена сум дека истражителите и обвинителите максимално ќе го искористат бенефитот од добиената опрема и ефикасно и ефективно ќе ги спроведуваат своите надлежности во прогонот на организираниот криминал и корупцијата, изјавила Рускоска.