Синот на американскиот претседател, Доналд Трамп Јуниор, е во посета Софија, Бугарија за да учествува на бизнис форум организиран од глобалната платформа за дигитални средства NEXO, соопштија од компанијата.

Претходно тој беше во Белград на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, втора таква за само месец и половина. Претходно се одржа средба меѓу српските бизнисмени и Трамп Јуниор, а во соопштението по средбата се наведува дека имало „одлична и отворена дискусија“ меѓу претставниците на српскиот бизнис и Доналд Трамп Јуниор.