Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума објасни зошто не го прослави крајот на пенал-рулетот во финалето на ЕВРО 2020 против Англија (1:1, 3:2 на пенали).
Дваесет и двегодишниот голман му донесе победа на тимот, одбранувајќи го ударот на играчот од средниот ред Букајо Сака во петтата серија.
– Не тргнав да славам затоа што не знаев дека е крај и дека со таа одбрана победивме, призна Донарума.
Италија во неделата по втор пат стана европски шампион, а Донарума беше прогласен за најдобар играч на 16. континетален шампионат.