Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, по поразот (111:118) од Индијана во контролниот дуел, рече дека задачата на неговиот тим е да биде во врвна форма за плеј-офот.
– Не мислам дека ќе бидеме во најдобра форма на првиот натпревар по рестартот на сезоната. Но верувам дека ќе бидеме подготвени за плеј-офот, кога е најважно да си најдобар, изјави Дончиќ.
Далас ќе го одигра својот прв натпревар од продолжението на сезоната на 31 јули против Хјустон.