Урагански ветришта ја погодија Малта и нанесоа многу штета врз островската држава.
Бурата во Средоземното Море предизвика феномен – дожд од риби.
Силниот ветар исфрли на улици стотици риби, а случајни минувачи почнаа да ги собираат во кофи, торби. Властите сепак, се обидоа да го конфискуваат „уловот“ од оние кои се обидоа да го продадат бидејќи така собрана риба може да е опасна.