Не треба да изгубите многу килограми за да почувствувате позитивни промени на вашето здравје. Ако изгубите само неколку килограми, ќе почувствувате голема разлика.
Со губење на само 5 отсто од телесната тежина, телото забележува многу промени, што автоматски го поправа расположението и го олеснува секојдневниот живот. Ова значи дека некое лице, на пример, со 80 килограми мора да изгуби само 4 килограми за да се чувствува подобро и да ги намалат сите видови на здравствени проблеми.
Што точно се случува со нашето тело кога губиме 5 проценти масно ткиво, дознајте подолу.
Растоварување на зглобовите
Само 4,5 килограми вишок, става притисок од 18 килограми на долниот дел на грбот, колковите, колената и глуждовите. Овој дополнителен притисок брзо ја троши ‘рскавицата и зглобовите. Вишокот килограми може да предизвика воспаление на зглобовите, а со губењето на килограмите можете да избегнете оптоварување на зглобовите и артритисот во староста.
Спречување на дијабетес тип 2
Ако имате вишок тежина, губење на тежината е еден од двата начини како да спречите појава на дијабетес или да ја одложите. Друг начин е редовно и умерено вежбање, 5 дена во неделата по 30 минути. Ако веќе имате дијабетес, губење на тежината може да ви помогне да земате помалку лекови, да го намалите нивото на шеќер во крвта и да ја намалите веројатноста за појава на други здравствени проблеми.
Подолг и поквалитетен сон
Губењето на тежина автоматски го подобрува квалитетот на спиењето. Истражувањата покажаа дека луѓето кои загубиле 5% масно ткиво во просек спијат 21,6 минути подолго преку ноќ.
Намалување на лошиот (ЛДЛ) и покачување на добар (ХДЛ) холестерол
Со здрава исхрана и губење на тежината, можете да го намалите нивото на ЛДЛ холестерол. Исто така е важно да се зголеми нивото на ХДЛ холестеролот, кој го „брише” ЛДЛ од крвта, а можете да го зголемите вежбање и воведување на соодветни намирници во секојдневната исхрана, како што се, на пример, мелен лен. Зголемувањето на ХДЛ холестеролот ја намалува можноста за појава на срцеви заболувања.
Поретки воспаленија
Масните клетки, особено оние околу стомакот, можат да ослободат хемикалии кои иритираат и предизвикуваат воспаление на ткивото низ целото телото. Воспаленијата се поврзани со здравствени проблеми како што се артритис, срцев и мозочен удар.
Намалување на триглицеридите во крвта
Тоа се честички во телото што ги пренесуваат мастите за складирање и енергија. Високото ниво (над 200 mg / dL) може да значи поголема веројатност за срцев удар или мозочен удар. Со губење на килограми можете да ги регулирате нивоата на триглицериди во крвта и да го зачувате вашето здравје.
Намалување на висок крвен притисок
Зголемена телесна тежина влијае на структурата на артериските ѕидови, кои поради вишокот килограми се обложени со маснотии. Ова влијае на зголемување на крвниот притисок. Со губење на тежината можете да ги отстраните мастите од ѕидовите на артериите, што позитивно ќе влијае на крвниот притисок. Ако го намалите внесот на сол, го зголемите внесот на зеленчук, овошје и млечни производи со мала содржина на маснотии, сигурно ќе го намалите вашиот висок крвен притисок.
Помала шанса за рак
Вишокот килограми ја зголемува можноста за развој на рак на дојка, дебело црево, бубрезите, јајниците, грлото на матката и рак на простата. Не постои јасен доказ дека губењето на телесната тежина штити од оваа болест, но во телото на лице со вишок килограми се случуваат некои промени кои можат да предизвикаат појава на рак.
Престанување на апнеја при спиење
Луѓе со прекумерна телесната тежина со текот на време добиваат дополнително ткиво во задниот дел на грлото. За време на спиењето, телото се релаксира, а тоа дополнително ткиво може да се спушти и да го блокираат вашиот респираторен тракт. Ова може да предизвика интервали на престанување на дишењето, што може да го загрози здравјето на срцето и мозокот.
Подобро расположение
Губењето на тежината дефинитивно го подобрува расположението. Научниците се уште се обидуваат да ја разјаснат оваа врска, но сметаат дека поради губење на тежината, на расположението влијае подобриот сон и самодовербата. Истражувањата покажуваат дека луѓето можат да излезат од депресија ако изгубат најмалку 5% од телесната тежина.
Повеќе секс
Дебелите луѓе немаат голема желба за секс. Причината за ова е недостаток на самодоверба, лошо расположение, но исто така и дисбаланс на хормоните, кои обично ја поттикнуваат желбата за секс.