Нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е пратеникот Драган Ковачки.
Оваа одлука е донесена на Централниот комитет на партијата кој се одржа вечерва.
За членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се избрани Александар Николоски, Владо Мисајлоски, Гордана Димитриоска Кочоска, Тимчо Муцунски, Луке Галески, Никола Мицевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташеминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николоски.
Кон овие членови ќе се придружат и новите претседатели на Унијата на жени, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на ветерани. Организационен секретар е Ивица Томовски, а шеф на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е Владимир Нелоски, кој истата позиција ја има и како дел од владиниот кабинет на премиерот.




