Во неверојатен финиш, но и со многу среќа во последните 30-тина секунди, Хрватска ја победи Германија со 25:24 во второто коло од втората рунда натпревари на ЕП во ракомет.
На 15-тина минути пред крајот, Германија водеше со пет голови разлика. Оттогаш, Хрватска, меѓу другото и благодарение на грубата игра на Германците која се граничеше со улична тепечка, што и носеше низа исклучувања, успеа најнапред да израмни, а потоа, на една минута пред крајот да поведе со еден гол разлика.
Германците имаа напад, но и играч помалку. Сепак, успеаја да дојдат до дури три можности за шут, на неколку секудни пред крајот имаа и своевиден зицер, но за среќа на Хрватите, топката едноставно не ги сакаше Германците. Храбра, извонредна победа на Червар и неговиот тим со која обезедија пласман во полуфиналето.
Во другите два денешни натпревари, Шпанија ја совлада Австрија со 30:26, а во првиот денешен натпревар Белорусија ја совлада Чешка со 28:25.