Претходно, пред неколку часа, на истиот терминал беше забележан густ црн чад, а The Evening Standard објави дека се запалил автобус, пренесе Телеграф.
Сега, како што јавуваат новинарите на Телеграф од местото на настанот, на истиот терминал имало нова драма откако бил пронајден сомнителен пакет.
Тие известуваат дека терминалот 2 е евакуиран, а контрадиверзантскиот тим на француската полиција извадил сомнителен пакет во кој имало, како што се сомнева, бомба.