Шведска запиша минимална победа над Бахреин (32-31) на отворањето на ракометниот турнир во Токио.
Херој на скандинавската репрезентација беше голманот Андреас Паличка. Кога беше најпотребно, со звукот на сирената, искусниот чувар на мрежата одбрани пенал и ја обезбеди победата.
Во мечот меѓу Шпанија и Германија, Шпанците остварија минимална победа со 27-28, на првиот натпревар на Летните Олимписки Игри во Токио.
Германците наметнаа свое темпо во првиот дел, кое полека го губеа, како што одминуваше времето. Пред самата пауза се разбрани Гонзало Перез де Варгас, а тоа шпанските ракометари го искористија за да намалат на 13-12.
Само што започна второто полувреме, „црвената фурија“ направија серија со која го презеде резултатот на својата страна. Меѓутоа ривалот не се предаде и се врати во пресрет на завршните десет минути.
Алекс Душебаев се разигра и постигна два гола во низа во последните две минути. На спротивната страна Марсел Ширер направи пробивање и им овозможи на противниците да го преземат водството. Последниот напад германската репрезентација го организира со „седум на шест“, но уште едно пробивање стави крај на натпреварот и донесe радост кај избраниците на Жорди Рибера.