Драматично полифинале на ЕП во ракомет. Хрватска испушти победа не успевајќи да го реализира последниот напад за кој имаше 30 секунди. Червар свика тајм аут, бараше да се држи топката до последните пет секунди, па потоа да се шутира, но Норвежаните го блокираа Дувњак.
Така, овој натпревар заврши нерешено во 60-те минути, а следат продолженија.
Извонреден натпревар, во кој Хрватска беше во водство во поголемиот дел од натпрерварот. Меѓутоа, во последните минути, Норвешка имаше шанси дури и за водство од два гола разлика, но голманот Ашанин одбрани два пенала и го овозможи последниот напад на својот ти кој не беше реализиран.