Украинскиот претседател Петро Порошенко предупреди на закани за „тотална војна“ со Русија која според него, е „драстично зголемила“ воена приправност на границата дополнително засилувајќи тензии по запленувањето украински бродови во Црното Море.
– Не сакам никој да помисли дека ова е детска игра. На Украина и се заканува тотална војна со Русија, предупреди Порошенко во изјава за украински телевизии.
Според него, бројот на тенкови во руските воени бази долж границата „е тројно поголем“, а бројот на воени единици е „исклучително зголемен“.
Тој наведе и за зголемување на бројот на руски воени бродови во Азовското Море и за јакнење на руското воено присуство на Крим.
Тоа е прв отворен воен судир на Москва и Киев по анексијата на Крим во 2014 година и почетокот на оружениот судир на украинската армија и проруските сепаратисти на исток од државата во кој загинаа повеќе од 10.000 луѓе.