Швајцарски научници дешифрираа ракопис стар близу 2.000 години, што два века бил чуван во Универзитетот на Базел. Писанието кое е еден вид „древна медицина“, открива што се случува со телото и психата на жените кои имаат недоволно секс, и кој е лекот за тоа.

По обработката со ултравиолетови и инфрацрвени зраци, се покажало дека папирусот од неколку листови испишани од двете страни на старогрчки јазик, е всушност опис на дијагнозата „хистерична апнеја“ – состојба кај жени кои подолго време немале секс.

Од историски извор се дознава дека записот најверојатно му припаѓа на грчко-римскиот лекар Галенус од Пергамон, кој живеел во 2. век н.е. Теоријата за „хистеричната апнеја“, била актуелна се до Средновековието, но повеќе не се смета за меродавна.

За лекување на оваа состојба, Галенус им препишувал на дамите посебни билки, или пак, ги советувал да си најдат сопруг. Слична дијагноза за жени лишени од секс, се среќава и во древноегипетски записи од 20. век пред Христа. Хипократ – најпознатиот лекар од древноста, во петтиот век н.е. исто така верувал во оваа дијагноза.