Зоран Верушевски кој работи како советник на премиерот Димитар Ковачевски, станал сопственик на стан кој го користел додека бил функционер.
Како што објави ТВ Алсат, Верушевски, станот го користел во периодот 1995-2002 година, поради службената должност која ја извршувал, а потоа наводно ги овластил своите адвокати да се откажат од станот од 47 квадратни метри на улицата Рузвелтoвa и да го вратат на државата, врз основа на морална одговорност и добри намери.
Сепак, 18 години подоцна, преку тужба против државата, успеал да ја врати сопственоста на станот.
ТВ Алсат успеале да ја обезбедат првостепената пресуда во Граѓанскиот суд, која датира од 1 ноември 2021 година.
Одлуката на судот се заснова на повлекување на изјавата што Верушевски ја дал по 18 години, и врз основа на оваа постапка судот го презема имотот на државата и го пренесува во сопственост на физичкото лице.
Образложението на Верушевски, за повлекување на изјавата се темели на фактот дека, според него, адвокатите не биле овластени да постапуваат во овој случај, и непотпишување на актот од негова страна дава основа за враќање на станот.
Дополнителна причина, според Верушевски, бил фактот што тој инвестирал во станот даден од државата поради неговата службена должност, додека законските застапници немале овластување за прашањата директно поврзани со неговата сопственост и финансискиот аспект, туку само општо законско овластување за застапување.
Од станот од 47 квадрати, Верушевски се откажал бидејќи преку службена должност обезбедил уште еден стан од 100 квадрати. До денот кога ја тужел државата, тој го користел станот за кој станува збор.
Како што објавивме вчера, Верушевски ќе наплати од државата и за притворот кој што го минал поради аферата Пуч, односно по 5.000 денари за секој изминат ден во притвор.