Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против К.E. (33), државјанин на СР. Германија и Р.A. (30), државјанин на Италија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 05.01.2020 на Граничен премин „Богородица“ од слобода е лишен К.E., поради тоа што во патничко возило „фолксваген“, со германска национални ознаки, превезувал три лица од Гана, кои при пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи, односно патни исправи сопственост на лица од Шведска, Германија и Холандија, за кои подоцна било утврдени дека биле украдени во текот на 2019 година. Во врска со настанот, подоцна била приведена и Р.А.. Од Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.