Во Солун синоќа бил убиен државјанин на Албанија (37) додека се враќал во зградата во која живеел.

Како што јавуваат грчките медиуми, мажот го паркирал автомобилот и се упатил кон влезот на станбената зграда, каде што го чекале убијците.

Според последните информации, напаѓачите пукале неколкупати, а полицијата пронашла четири патрони. Убиениот маж бил најден како лежи во крв на тротоарот.

Веднаш бил пренесен во болница, каде што набргу починал. Според засега достапните информации, жртвата добила најмалку пет рани од куршуми.