„Упатиме искрено извинување до медиумите и до јавноста, за последното соопштение во коешто се споменува Викторија Трајков. Поради ненамерна грешка, беше споделена стара содржина која не е релевантна за тековните случувања“, велат од СДСМ и додаваат:
Нашата намера никогаш не е да создадеме погрешна слика за актуелните состојби. Веднаш по согледувањето на пропустот ви го испраќаме ова извинување.
Ви благодариме на разбирањето и ве уверуваме дека транспарентната и точна комуникација останува наш приоритет.
Претходно СДСМ соопшти:
„Додека ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува преку соопштенија да ги побие фактите дека дипломатијата под водство на ВМРО-ДПМНЕ е во хаос и без компас, заменик министерката во Министерството за европски прашања, Викторија Трјаков го потврдува она што го денес го соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче“, вели СДСМ и додава: Љупче Златев, дека очекувал поконкретни средби во Америка или можеби изјава од некој американски политичар дека ја поддржува Македонија во однос на Бугарија, Трајков вели дека тоа е проблем на нашата дипломатија која не се ангажира доволно.“
Во прилог на соопштението емитуван е извадок од гостувањето и изјавите на Трајков на Радио Лидер кои се од 2013 г. и се однесуваат на дипломатијата предводена од Бујар Осамни.