Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди пропуст за случајот со родилката која скокна од прозорец од зградата на скопска гинекологија.
Од извршениот надзор во Клиниката констатиран е пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката, Со оглед на тоа што истите не се реализирани. во врска со наведеното ДСЗИ, со решение ќе наложи на одговорните лица на ГАК спроведување на постапка за утврдување на одговорност од страна на здравствените работници кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување на доктор, специјалист по психијатрија.
Од извршениот надзор на Клиниката за психијатрија не се констатирани недостатоци по однос на организацијата на работа на функционирање на клиниката во услови на постапка за реновирање.
Според информациите на Алфа од КАРИЛ, 39 – годишната жена од Скопје која се обиде да се самоубие и понатаму е во многу тешка состојба.