Елми Азири денеска го потврди ставот на Европскиот фронт дека во вториот круг од претседателските избори нема да апелираат за поддршка на ниту еден од кандидатите, за Гордана Силјановска или Стево Пендаровски, пренсе ТВ АЛСАТ.
„Ќе ги повикаме сите граѓани да учествуваат во изборниот процес, и да одлучуваат според нивните оценки и нивните приоритети. Имаме демократско искуство и верувам дека сите граѓани ќе можат да ги препознаат своите приоритети меѓу кандидатите, кој од кандидатите во вториот круг ќе ги исполни нивните очекувања“, рече Азири.