Нивинарката Александра Дуковска негира дека прва го нападнала претседателот на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев Тодев.

Таа во својот допис демантира дека физички атакувала врз Делчев, бара да се почитува незјината вистина и бара извинување за како што наведува „изнесените невистини упатени на нејзина адреса“.

– Дали викање помош, помош е некаков напад или се плашите дека ќе ви го ревидирам статусот на новинари? Од видеото се гледа дека човекот кој уредно беше снимен, пренесен со став, ме удира. Од вас како иницијатива медиумска, а дали сте или не, тоа други нека ве оценуваат, очекувам јавно извинување за нанесување и изнесување на клевети, пишува Дуковска во реакцијата.

Таа тврди дека веќе подолго време е цел на физички и вербални напади. Вели дека ги алармирала обвинителството и полицијата, но на нејзините укажување ниту една од институциите не реагирала.

Дуковска има забелешка и за новинарската работа и за начинот на кој е презентиран нејзинот ангажман како фриленсер и сопственик на јутјуб канал.

– Јавниот простор е отворен за граѓанско новинарство, кога медиумскиот голем простор е затворен за образовани лица. Од што се плашите? Од индивидуална иницијатива без корупција? Од индивидуална новинарска работа?- пишува Дуковска.

Таа потврдува дека не е член на Здружението на новинари на Македонија, објаснувајќи дека не може да биде член на оваа организација поради името.