Напаѓачот на Бруклин, Кевин Дурант, ги сподели своите размислувања за конфликтот меѓу него и поранешниот соиграч Дрејмонд Грин.
Дурант и Грин имаа јавна расправија по натпреварот со Клиперси во сезоната 2018/19. Судирот продолжил во соблекувалната.
-Ова се случи пред целиот тим, но никој не зборуваше за тоа. Ситуацијата мина незабележано, но јас, напротив, сакав да разговарам за ова со сите, бидејќи сметав дека сме семејство. Но, кога никој не изрази желба да разговара, решив да се фокусирам само на себеси, рече Дурант.