Бразилската репрезентација минатата ноќ направи непријатно изненадување за своите навивачи, бидејќи одигра 1:1 против Швајцарија на првиот натпревар на Светското првенство.
Нејмар, кој наводно се опорави од повредата, играше од првата минута, но беше јасно видливо дека се уште не е целосно подготвен.
Сепак, за Нејмар сите зборуваа по синоќешниот натпревар, а во прв план не беше неговата игра, туку неговата фризура. Многумина се смееја кога ја видоа фризурата на Нејмар, која изгледаше на шпагети.
Легендарниот Ерик Кантон ја исмеа првата ѕвезда на бразилската селекција на социјалните мрежи. Тој се сликал со сликата на Нејмар, а на главата стави шпагети и рече дека сега има идентична фризура како претставникот на Бразил.
Eric Cantona mocking Neymar’s New hairstyle ?#BRA #Neymar #WorldCup pic.twitter.com/1f02BzIHlC
— FIFA World Cup ? (@TheSporTalk) June 18, 2018