Македонското девојче Каролина Гочева, долги години соработува со својата стилистка Цаци Паковска, но освен неа одврзани раце кога е во прашање шминката му дава и на својот исто така долгогодишен соработник, стилистот и нејзин пријател Александар Билјановски или попознат како Дадар.

Нашиот познат македонски стилист во својата долгогодишна кариера се грижи за изгледот на многу познати лица и тоа не само домашни, туку и оние кои доаѓаат од регионот.

Неговиот префинет вкус досега пофалил многу убави лица на познатите Македонки, но кога е Каролина во прашање тој и поласка на најдобар начин што знае и умее.

#readytopop @karolinagocheva

A post shared by Dadar (@dadar_alex) on

Инспириран беше да ја стави својата уметност на нејзиното лице, а потоа инспирацијата ја пренесе и во коментар на фотографијата на која таа позира во неговото студио, а гласи вака:

Совршено е не кога нема што да додадеш туку кога нема што да одземеш. Едноставно, Каролина, поласка Дадар.