Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната од понеделник, како и замрзнувањето на цените и ограничувањето на маржите, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска кој престојува во посета на Гостивар.
„Денеска работната груба од Министерството за економија, земјоделие и секорот за финансии уште работат, таа работна група е во тек со оваа програма, во понеделник ќе имаме јасен одговор и документот или предлогот ќе биде доставен во вторник на Влада и таму ќе се усвои оваа одлука и ќе бидат известени граѓаните“, рече Дурмиши.
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека покрај есенската, ќе има и пролетна кошничка, истакнувајќи дека Владата е подготвена да излезе во пресрет на стопанството со одложување на примената на Законот за нефер трговски практики.