Министерот за економија Бесар Дурмиши најави 4 нови инвестиции во индустриската зона во Тетово, но не ги откри имињата на компаниите кои ќе градат.

-За сите се водат постапки пред институциите пред да почнат да е градат. Само една од нив ќе вработи до 600 луѓе, втората до 250 и така натаму. Но , ќе нформираме кога постапките за почеток на градба ќе бидат завршени – рече Дурмиши.

Тој информира дека лани само компанијата „Кил“ во својата инвестиција во оваа зона отвори 250 работни места.