Реформската агенда е важен дел од нашиот европски пат, но пред сè претставува можност за конкретни промени што ќе значат поефикасни институции, подобри услови за бизнисот и посилна економија. Наш приоритет е реформите да дадат конкретни и мерливи резултати – напиша вечерва министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, во објава на неговата фејсбук-страница.

-Денеска одржав работен координативен состанок со сите претставници на секторите вклучени во спроведувањето на Реформската агенда 2024 – 2027, во рамки на надлежностите на Министерството за економија и труд. Разговаравме за досегашниот напредок, предизвиците во реализацијата на реформските активности и следните чекори за навремено исполнување на преземените обврски – додаде министерот.

Во фокусот биле поедноставувањето на административните процедури, подобрувањето на деловното окружување и зајакнувањето на меѓуинституционалната координација.

– Од сите вклучени побарав максимална посветеност, редовна комуникација и почитување на утврдените рокови – нагласи министерот