На денешната седница Владата го именуваше Душко Арсовски за портпарол на Владата на Република Македонија.
Покрај Арсовски, активен портпарол на Владата останува и Муамет Хоџа.
Душко Арсовски е новинар со дводецениско работно искуство. Од 2012 година е уредник за надворешна политика во МРТ, уредник на централниот дневник и во еден период заменик главен уредник на Информативната програма.
Претходно работел како новинар/продуцент и шеф на дописништвото на „Би-Би-Си“ на македонски во Скопје. Две години бил уредник и водител на вестите на „ТВ Алфа“.
Кариерата ја започнал во „Македонското радио“, во програмата за деца, во 1998 година. Подоцна преминал во скопската телевизија „Скај Нет“ и во „Македонската телевизија“ каде работел како новинар за надворешна политика, а подоцна и уредник на Дневникот.