Дузина обвинувања во кривична пријава против претседателот на Управниот суд, Сејдини

/ 09.07.2023

Вработени во Управниот суд во Скопје поднесоа кривична пријава против првиот човек на овој суд Бурим Сејдини поради сомнение за злоупотреба на службената должност. Кривичната пријава која ексклузивно ја обезбеди Алсат е испратена до Финансиската полиција, Комисијата за спречување на корупцијата, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.

-Содржината на пријавата првенствено вклучува сомневања за рачна распределба на предметите, иако Сејдини бил должен тоа да го прави преку електронскиот АКМИС систем. Според анонимните пријави од вработени, Сејдини е осомничен и дека неодамна вработил две лица во судот, но според нив, тоа е спротивно на законот бидејќи се работи за мајка и ќерка и дека во овој случај има конфликт на интерес, објави телевизијата.

Пријавата содржи и тврдење за намерно застарување на над 190 предмети од 2021 до 2023 година, главно финансиски предмети од Царината и од Управата за јавни приходи. Неофицијално, нанесената штета на државниот буџет би изнесувала милиони евра. Засега не се знае дали ваква буџетска штета е констатирана и во Финансиската полиција и Антикорупциската комисија.


Од истата категорија