Два пожари се случија вечерва на подрачјето на Куманово по удар на гром од невремето.
Според првичните информации, пожар има на Градските гробишта и уште еден кај Ловечки дом.
Екипите се на терен и ги гасат пожарите, информираа кусо од ТППЕ Куманово.
Гори и во месноста Погана меѓу Гевгелија и Богданци, а се очекува утре пожарот да го гаси армиски хеликоптер.
Според информациите на Центарот за управување со кризи силниот ветер се заканувал да се прошири кон куќите во селото Ѓавато, но ветерот сега е смирен и опасноста била отсранета.
Во гасењето на пожарот според ЦУК интервенираат девет пожарникари со четири противпожарни возила а на помош се испратени и три пожарникари од противпожарната единица од гевгелија и четири лица од шумското стопанство. Во гаснењето учествуваат и доброволци.