Попладнево во земјава беа регистрирани два земјотреси.
Првиот е забележан околу 14.00 часот со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 17 км југоисточно од Струмица и на длабочина од 2 км.
Вториот земјотрес е регистриран во 14 часот и 19 мибути со јачина од 3,1 степен според Рихтер.
Епицентарот на земјотресот бил 18 километри југоисточно од градот Струмица, на длабочина од 2 километри, според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).