Во Полициската канцеларија Градско, синоќа околи 21:30 часот 29-годишниот М.Р. од Градско пријавил дека на ул.„Александар Македонски“, бил физички нападнат од С.С.(24), Е.Б.(38) и Е.Ф.(33), сите од Градско.
Како што информираат од СВР Велес, на нападот му претходела вербална расправија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.