Дваесет и три годишно момче од струшкото село Поум денес доцна попладне починало од истрели од огнено оружје.

Според информациите од СВР Охрид, настанот се случил денес околу 18.40 часот, кога лицето У.В. (роден 1997) од с.Поум пукал кон З. Б. (1996) и В. Б. (1973) како и кон други лица, пренесува Алсат М.

23- ти годишниот З. Б. починал, а В. Б. е пренесен во општата болница во Струга.

Лицето кое што пукало У.В. како што изјавија од полицијата за Алсат, сам се пријавил во Полициската станица -Струга.