Двајца кинески студенти во американската држава Орегон со измама ја оштетиле компанијата „Епл“ за околу 900.000 долари. Американските власти ја откриле измамата по речиси две години.

Кинеските студенти од 2017 година нарачувале лажни примероци на телефони „Ајфон“ од Кина кои потоа, онлајн или лично, во продавниците на „Епл“ во САД ги пријавувале како расипани. Најчесто „Епл“ вршел замена на лажните „Ајфон“ телефони, со што компанијата е оштетена за околу 895.000 американски долари. Заменети се вкупно 1.493 телефонски апарати.

Кога ги добивале вистинските „ајфони“, двајцата студенти ги враќале во Кина и за возврат добивале пари на банкарската сметка на мајката на еден од нив.

Кинескиот танден е откриен од американските власти, откако почнале да ги истражуваат сомнителните пратки со „Ајфон“ кои од Кина се испорачувани на Кинезите кои во САД престојуваат со студентска виза