Еден тетовец и еден државјанин на Албанија ги загубија животите откако ѕид паднал врз нив додека извршувале градежни работи.
Според првичните информации кои доаѓаат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во 15:45.
-А.А.(63) од тетовско Селце и Џ.Ц(50) од Република Албанија се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале. Лекари од Итната медицинска помош констатирале смрт кај нив. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово вршат увид и се утврдуваат сите поединости поврзани со овој случај, велат од МВР.
На местото на несреќниот случај присутни се и тетовските пожарникари и претставници од Државниот трудов инспекторат.