Инцидентот се случил кога две лица упаднале во манастирската црква во населбата Флоридсдорф во северниот дел на Виена, каде ги ограбиле присутните монаси, нанесувајќи им повреди на дел од нив.
Според изјави на монасите, грабежот „траел со часови“.
Австриската полиција соопшти дека нејзини припадници пристигнале во црквата три часа по упадот на крадците, при што ги пронашле монасите „врзани и некои од нив и тешко повредени“.
Полицијата ја исклучува можноста дека инцидентот е поврзан со тероризам.
Во потрагата по насилниците учествуваат повеќемина полицајци со десетина возила и хеликоптер.
Полициски извори информираа дека не е исклучено во грабежот да биле вмешани и други лица, како и дека е можно во манастирскиот комплекс да бидат пронајдени и други повредени лица.