Две лица вчера физички го нападнале и му одзеле пари на 22-годишниот П.Т. од Скопје.
Како што се наведува денеска во МВР-билтенот, П.Т. го пријавил случајот во Секторот за внатрешни работи Скопје.
Во друг случај, пак, лицето 3.М.(55) било физички нападнато од две лица, кои потоа му одзеле предмети. Случајот бил пријавен во Полициското одделение Петровец.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.