Полициски службеници ги затекнале лицата А.К.(57) и Д.И.(57), двајцата од Велес, како со мрежи ловат риби во езерото вчера 04.15 часот на езерото Младост во Велес.

Притоа, биле пронајдени и одземени три мрежи во должина од 20 метри и риба. Лицата биле приведени и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.