Најмалку две лица загинаа денеска при налетот на бурата Али на Ирскиот Остров.
Една швајцарска туристка загина кога под влијание на силниот ветер паднала од една стрмна скала во близина на селото Клифдан во Република Ирска.
Маж на возраст од околу 20 години го загубил животот во парк во британската покраина Северна Ирска, кога врз него паднало дрво откорнато од силниот ветер. При истиот инцидент е повредено уште едно лице.
Како што јавија британските медиуми, силниот ветер откорнал повеќе дрва и електрични столбови, кои предизвикале блокади на повеќе патишта, а десетици илјади домови останале без струја