Две починати лица се најдени во викендичка во село Горна Ѓоновица, Гостиварско, според пријавата од синоќа во ОВР Гостивар. Двајцата биле од Скопје, а при увидот не биле забележани траги на насилство.
„На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с. Горна Ѓоновица, Гостиварско, се пронајдени починати Т. Ј. (30) и И. Н. (30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово“, соопшти полицијата.
Се претпоставува дека смртта настапила од задушување со јаглерод моноксид.




